Trending 1

Facebook денеска воведе нова функција на нивниот Homepage, како дел од интересот во последно време социјалната мрежа да биде и главен извор на вести и разни информации. Се работи за нов дел на десната страна од листата со новости на која што ќе бидат прикажани теми кои што се моментално популарни низ корисниците на Facebook (Trending topics). Кои теми ќе ви бидат прикажани ќе зависи како од нивната популарност, така и од вашите интереси кои се формираат врз основа на работите што ги кликате, како и содржината што ја лајкувате.

Секоја прикажана тема ќе има и кратко објаснување за причината поради која се има најдено на оваа листа. Доколку некоја од тие теми ви изгледа интересно и решите да кликнете, ќе добиете листа на најинтересните постови од вашите пријатели на таа тема, како и Facebook страници на кои што е содржана истата.

Trending 2

Оваа нова функција во почеток ќе биде достапна на веб верзијата на Facebook, а мобилната имплементација е сеуште во фаза на тестирање. Исто така постепено ќе биде пуштана на светско ниво, па сега е достапна само во Америка, Британија, Канада, Индија и Австралија.

Претходна статијаВерзиите на Microsoft Windows и што следно се очекува
Следна статијаЗаштедете сообраќај со новата верзија на Chrome за Android и iOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.