Windows-8.1

Оперативниот систем од Microsoft доаѓа и е користен во повеќе верзии, односно Windows 8, Windows 8.1, Windows RT и Windows Phone. Покрај овие нови верзии, сеуште се користени и постарите верзии, од кои што најмногу Windows 7, но и Windows XP, за кого завршува поддршката оваа година и во помал број Windows Vista. Ова може да биде збунувачки за корисниците, па од Microsoft веќе најавија верзија од Windows која што ќе ги соедини сите нови верзии и ќе го поедноставни изборот.

Оваа верзија е нарекувана Threshold и според најновите информации треба да биде најавена на годинешната Build 2014 конференција, а официјално пуштена во употреба за една година, односно во Април 2015. Истата треба да го носи името Windows 9. Според информациите, кои не се многу, оваа верзија на Windows ќе го врати популарното Start мени кое беше тргнато во Windows 8,  делумно вратено во форма на Start копче во 8.1. Исто така се очекува претставување на “Metro 2.0”, нова верзија од таканаречениот модерен кориснички интерфејс, а апликациите направени за него ќе може да се отвораат и како посебен прозорец во десктоп околината. Информации околу оваа верзија нема многу, па се надеваме дека информацијата според која на Build 2014 ќе биде претставена истата, па ќе може да се добие претстава во кој правец размислува Microsoft.

8535.b14_announce

Пред почетокот на конференцијата се очекува да биде избран новиот Главен извршен директор (CEO) на Microsoft, за кого сеуште има само шпекулации без официјални имиња кои што се во игра за изборот.

На конференцијата исто така можно е претставување на надградба на моменталната Windows 8.1 верзија, за која што нема никакви дополнителни информации, освен тоа дека можното име би било Update 1.

Претходна статијаSkully AR-1 паметна кацига за мотори
Следна статијаFacebook ќе прикажува популарни теми
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.