facebook_retiring_email

Можеби некој од вас не ни знаат дека Facebook нуди можност вашето корисничко име да го користите како email адреса. Facebook прв пат го претстави својот email сервис во 2010. Од Facebook очекуваа дека поради нивната популарност, како и популарноста на сервисот за пораки, дека email сервисот ќе дојде како природен додаток и ќе стане исто така успешен и популарен. Корисниците добија можност да комуницираат со луѓе кои што немаат Facebook сметка од веќе за нив познатото место каде што испраќаат секојдневно пораки. За да може корисниците да им одговорат, корисничкото име стана и нивна email адреса, односно името што го имате избрано да се покажува после веб адресата на Facebook стана вашата @facebook.com email адреса.

Меѓутоа овој сервис никогаш не заживеа, односно корисниците не почнаа да го користат. Која е причината за тоа веќе не е важно затоа што Facebook реши да го исклучи сервисот. Како што и самите изјавуваат, повеќето од корисниците не ја користеа својата @facebook.com email адреса. За тие што сепак можеби го имаат користено овој сервис, сите email пораки добиени на нивната адреса ќе бидат препратени на главната email адреса со која што се имаат регистрирано на Facebook. Корисниците исто така ќе имаат можност да го исклучат пренасочувањето доколку не сакаат да добиваат пораки.

Извор: The Verge

Претходна статијаПаметниот часовник од Google ќе биде направен од LG
Следна статијаГледајте го претставувањето на Samsung Galaxy S5 и Gear паметните часовници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.