10333118_678504552209548_744712580_n

На својата f8 конференција, која што се одржа оваа недела, Facebook претстави нова рекламна платформа која што овозможува рекламирање надвор оваа социјална мрежа, односно нејзините веб страни и мобилни апликации. Тоа значи дека маркетарите ќе може да се рекламираат и на други мобилни апликации кои што не се направени од страна на Facebook и со тоа да го прошират својот опсег, како и таргет на корисници. Исто така ова претставува и олеснување за програмерите на апликации кои што нема да мора да интегрираат нивно рекламно решение и ќе може да го користат решението од Facebook.

Маркетарите кои што веќе ја користат рекламната мрежа на Facebook, не едноставен начин ќе може истата да ја прошират и на другите апликации. Достапни за нив ќе бидат истите статистики и информации, како и можностите за таргетирање достапни сега во мрежата на Facebook. Сликите и текстот кои што веќе се користат за рекламите на Facebook може да се искористат на Audience Network, односно на другите апликации без потреба од нивно прилагодување. На маркетарите, а со тоа и на програмерите ќе им бидат овозможени три позиции, односно формати за прикажување на рекламите. Рекламите може да бидат во форма на мал банер, на целиот екран од уредот и интегрирани како дел од апликацијата и нејзината содржина, односно native реклами.

10333109_784969801521891_720131556_n

Facebook Audience Network е се’ уште во тест фаза со ограничена бројка на програмери и апликации. Во почетокот рекламите кои што ќе може да бидат поставувани ќе бидат од типот кои што рекламираат одредени апликации и нудат можност за симнување. Подоцна се планира проширување и на другите маркетинг цели, покрај симнување на апликација.

Извор: Facebook

Претходна статијаFacebook ги претстави App Links, универзален стандард за поврзување на мобилни апликации
Следна статијаСамоуправувачки автомобил од Volvo
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.