Преку објава на X, Елон Маск најави дека мрежата веќе нема да прикажува задебелен текст, како и други форматирања, на главната листа на новости. Овие форматирања ќе продолжат да бидат достапни кога корисникот ќе ја отвори објавата, односно ќе притисне на истата.
Како главна причина за оваа одлука Маск го истакнува прекумерното користење на оваа можност од страна на корисниците, доволно често да тој изреагира.
Оваа промена нема да направи некоја голема разлика на корисничкото искуство, а морам да се сложам дека користењето на форматирање на текстот, како и честото пишување со големи букви, навистина пречи. Корисниците најдобро е да се изразуваат со користење на нормални букви, а штета што не може да се направи ништо за користењето на интерпункција и слично.
Во продолжение објавата од Елон Маск.