edX или како што уште се нарекува Масивен open source курс (MOOC) е програма организирана од страна на MIT и Harvard Универзитетите. Преку оваа програма на заинтересираните од светот им се понудени бесплатни курсеви од разни области. Овие курсеви се следат преку платформата за курсеви која што ги вклучува видеа од предавањата на овие универзитети, програма, достапни ресурси, информации и слично. Студентите на крај имаат и можност да полагаат и да се стекнат со сертификат за завршениот курс. Сето ова го правите преку веб платфорамта на edX.
Linux фондацијата најави дека од ова лето преку edX платформата ќе биде достапен бесплатен курс со наслов, Introduction to Linux, односно Вовед во Linux. Овој курс е наменет за секаков тип на корисници на компјутери кои што никогаш не работеле со Linux оперативниот систем, односно не бара претходно познавање на било што од работата со системот. Овој курс кој што ќе биде понуден бесплатно, Linux фондацијата до сега го има наплаќано 2.400 долари, што говори за неговата сериозност. Како што нагласуваат од таму, поседувањето на способност за работа со Linux претставува вештина која што се повеќе е барана при вработувањето во компаниите.
За да можете да го следите курсот се што треба е да се регистрирате, односно да креирате бесплатна корисничка сметка на edX и да изберете некој од големиот број на курсеви.
Страна на курсот: edX