Фото: Shutterstock.com

Автомобилите со можност за автономно возење уште не се нешто стандардно, а секако тука се и законските регулативи кои треба да овозможат такво нешто. Најпознати автомобили кои можат самите да се возат, барем до одреден степен, се Tesla, а не се ретки видеата каде сопствениците претеруваат со довербата во системот.

Автономните возила треба да станат легални во Велика Британија оваа година, па властите во земјата планираат промена и на уште еден закон кој е поврзан со нив. Се работи за закон донесен во 1986 година со кој им се забранува на возачите да гледаат во „телевизиски апарат“ додека возат.

Овој дел од законот ќе се промени за возачите на автономни возила, па тие ќе можат да гледаат телевизија, односно некој филм или серија на нивниот екран додека автомобилот е во автономен режим.

Од Одделот за транспорт посебно истакнуваат дека возачот мора да биде во позиција да веднаш го преземе управувањето на возилото, а возилата треба да имаат можност за прекинување на филмот кога е потребно вниманието на возачот.

Поради оваа причина се истакнува дека со овие промени ќе остане забраната за користење на мобилен телефон додека се вози, а поради неможноста да се исклучи телефонот автоматски кога возачот мора да го насочи вниманието кон патот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаНамалувањето на димензиите и тежината на Galaxy Fold4 ги надминува очекувањата на луѓето со информации
Следна статијаСојузот на средношколци апелира за солидарност со учениците преку брзо склучување на договор меѓу Владата и СОНК
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.