Елон Маск преку неговиот омилен начин на комуникација со јавноста, неговиот Twitter профил, како одговор на твитот од корисник, најави дека Tesla автомобилите ќе добијат нов „стражарски режим“ за заштита на автомобилот.

Овој режим ќе им овозможи на корисниците да имаат снимки од околината на автомобилот, снимени со веќе достапните камери кај Tesla автомобилите. Со тоа тие ќе можат да откријат кој им го има оштетено возилото додека било паркирано некаде.

Дали од Tesla ова го планираат поодамна или корисникот на Twitter им ја дава идејата, не е важно. Важно тој испраќа слика од неговиот автомобил како е чукнат додека бил паркиран, истканувајќи дека е баш во делот каде се камерите, па би било добро кога би имало функција која ќе снима 360 степени видеа додека автомобилот е паркиран.

Како точно ќе функционира овој режим, Маск не објасни, па останува да се види кога ќе дојде со некоја од наредните надградби на софтверот, која ќе донесе и подобрувања во Autopilot системот.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНајнов патент од Motorola го покажува новиот RAZR со екран на превиткување
Следна статијаSamsung го претстави новиот „SSD 970 EVO Plus“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.