Од возење со голема брзина преку премин на пруга, Tesla возило „полета“ за момент пред да се судри на паркинг во училиште

Автомобилот со голема брзина поминал преку премин за пруга додека биле спуштени рампите, по што од големата брзина и условите на патот прерипал околу 30тина метри

Автомобилите на Tesla, поточно сопствениците на овие автомобили, изгледа нема кога не се на вестите со некој „проблем“ кој го имаат предизвикано. Колку пати само можевме да прочитаме за сообраќајните незгодни во кои имаат учествувано сопствениците на Tesla автомобилите поради користење на Auto Pilot системот којшто сепак е нагласено дека не е целосно автономен систем.

Овој пат можеме да видиме како Tesla автомобил буквално полетува, односно прерипува околу 30тина метри, а целиот случај се гледа на снимките од безбедносните камери во околината.

Поточно, Tesla автомобилот поминува со голема брзина преку премин за пруги, па поради пругите и поставеноста на патот, тој прерипува како што обично може да се види на филмовите. Се разбира, возачот не успева да продолжи да вози по „слетувањето“ како што тоа обично се случува на филмовите, па ја губи контролата над возилото и го удира во дрво на паркинг во училиште.

Возачот на автомобилот, како што би се очекувало, се соочува со кривична пријава поради загрозување на неговиот и животот на другите.

Видеото е на почетокот од статијата, па видете сами што се има случено.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаBloomberg ги потврдува информациите дека Apple ќе претстави три нови iPhone модели
Следна статија12 години Семос Академија за графички и веб дизајн: „Изградивме бренд на пазарот и го подигнавме стандардот на едукација во оваа област“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.