Толку пати можевме да прочитаме за тоа дека Apple за септември планира три нови iPhone модели, што тоа веќе го сметаме за сигурна работа. Информациите исто така говорат дека трите модели ќе бидат направени во стилот на iPhone X, односно сите три модели ќе имаат мали рамки околу екранот, а на горниот дел исечок.

Овие информации сега посебно ги потврдува Bloomberg од нивни извори кои очекувано не сакаат да бидат именувани. Тие во основа ги потврдуваат информациите дека трите модели ќе ги вклучуваат следните:

  • iPhone X – наредна генерација од ланскиот телефон кој го започна трендот на исечоци на горниот дел од екранот. Овој телефон ќе има се разбира понови компоненти и екран со големина од 5,8 инчи, како лани. Според Bloomberg можно е да телефоните ја добијат s наставката поради тоа што дизајнот е ист како ланскиот, само се нови компонентите.
  • iPhone X Plus – ова е новиот и поголем X телефон од компанијата која ќе биде досега најголем со 6,5 инчен екран.
  • iPhone – враќање на поевтин модел во групата која ќе има избор и од повеќе бои како порано. Овој iPhone треба да има 6,1 инчен екран, меѓутоа со LCD технологија за разлика од OLED на поголемите модели

Apple треба да ги претстави новите iPhone-и во септември, најверојатно во втората половина од месецот, а заедно со нив се очекуваат и нова генерација од Apple Watch со поголем екран, како и нови iPad Pro модели и AirPods.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП: Помала брзина за помалку жртви на патиштата
Следна статијаОд возење со голема брзина преку премин на пруга, Tesla возило „полета“ за момент пред да се судри на паркинг во училиште
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.