Фото од (Joenomias) Menno de Jong преку Pixabay

Батериите остануваат „болната точка“ во ова модерно време. Технологијата за истите не е нешто значително напредната уште од пред 30тина години, па сите знаеме колку често треба да ги полниме нашите мобилни телефони во текот на денот.

Истото може слободно да се каже дека важи и за електричните автомобили, иако тие веќе имаат можност да поминат километража како еден автомобил кој е на бензин и троши нешто повеќе. Ова значи дека електричните автомобили не овозможуваат помала километража од обичните автомобили, но сепак целта е да се стигнат дизел автомобилите, како и новите бензински автомобили кои се многу поефикасни, но често се и во хибридна форма.

Според информациите, иднината на батериите сепак ќе биде во цврстата состојба на електролитот, нешто што кај сегашните литиум јонски батерии е во течна форма. Сепак, батериите во цврста состојба уште се развиваат и имаа проблем со нивниот век на траење поради нивната карактеристика.

Истражувачите од Samsung Advanced Institute of Technology и Samsung R&D Japan имаат постигнато напредок на ова поле, којшто ќе овозможи да овие батерии сепак станат реалност. Кога ќе може да се очекуваат во комерцијална употреба не е познато, но изгледа сепак ќе почекаме уште некоја година.

Напредокот којшто го имаат постигнато од Samsung се однесува на горниот слој од цврстиот дел од батеријата кој прилично брзо со расипувал. Тие овој слој го замениле, односно обложиле со сребро-јаглероден слој којшто се покажал како доста издржлив, односно ги немал проблемите со кои се соочувале истражувачите на ваквите батерии дотогаш.

Со овој напредок се добива батерија која е значително помала и со поголема густина, односно батерија која со сегашните големини на батериите, ќе овозможи возење на електричните автомобили и до 800 километри пред потреба од полнење.

Исто така, оваа батерија ќе може да се наполни до 1.000 пат во својот животен век, што ќе овозможи години на возење пред потребата од нејзина промена.

Овие батерии, покрај тоа што ќе имаат поголем капацитет и животен век, се сметаат за побезбедни. Сите имаме читано по некоја приказна за запалување и експлозија на литиум јонските батерии, а ваков проблем имаа и од Samsung со нивниот Galaxy Note 7.

ИЗВОРCar and Driver
ИЗВОР 2SlashGear
Претходна статијаШто испадна со телефоните од компанијата на братот на Пабло Ескобар
Следна статијаА1 – Заедно сме со вас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.