Фото: Honda

Спојувањето помеѓу Honda и Nissan, кое ќе ја создадеше третата или четвртата најголема автомобилска компанија во светот, сепак нема да се случи. Информацијата за ова спојување прво беше објавена неофицијално, по што беше потврдена во декември минатата година. 

Планот беше да се основа нова холдинг компанија која ќе ја преземе сопственоста врз овие две компании, а според информациите, дел од ова спојување требаше да биде и Mitsubishi. 

Постигнатиот договор за соработка подразбираше одлука за основање на новата компанија до јуни оваа година, по што истата од идната година би почнала официјално да функционира. 

Сепак, спојувањето помеѓу овие познати брендови во автомобилската индустрија нема да се случи. Договорот официјално е откажан, а компаниите ќе продолжат со својата досегашна соработка во областа на софтверот и електричните автомобили. 

Засега не се познати точните причини за откажувањето на договорот, но има претпоставки. 

Најверојатно договорот е откажан поради проблемите кои ги имаат Nissan изминатите години и форсирањето на Honda да ја има главната улога во спојувањето поради тоа, кратко кажано. 

Тоа што посебно привлекува внимание сега е функционирањето на Nissan, кои веќе отпуштија 9000 вработени, додека Honda останува еден од најпознатите и најпродавани брендови во светот.

ИЗВОРBBC
ИЗВОР 2Car and Driver
Претходна статијаЏон Просер објави нова можна промена на изгледот на iPhone 17 Pro
Следна статијаВо Кавадарци утре родители ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.