[Скопје, 25.12.2024] – Делфино Мобилити Груп, официјален застапник на Lynk&Co за Македонија, го претстави на македонскиот пазар најновиот хибриден модел Lynk&Co 01. Со Lynk&Co 01, македонските купувачи добиваат компактен PHEV хибриден SUV кросовер кој нуди врвни карактеристики и технолошки иновации. Овој модел е дизајниран и проектиран во Шведска и произведен во модерните фабрики на Geely во Кина. Lynk&Co 01 го комбинира кинескиот иновативен дух и шведската инженерска прецизност, со технолошки решенија како мотор и платформа што ги дели со модели на Volvo и Geely.

Како прв модел на Lynk&Co достапен во Европа, 01 обезбедува 75 километри чисто електрично возење со 1,5-литарски бензински мотор од 261 коњски сили. Комбинираната потрошувачка на гориво изнесува само 1,0 l/100km (според WLTP), со забрзување од 0 до 100 km/h за 8 секунди и минимални емисии на CO₂ од само 24 g/km.

Lynk&Co 01 припаѓа на сегментот блиску до премиум и нуди опрема што кај други производители обично се наплаќа дополнително. Панорамски покрив, задната врата со далечински управувач, сателитска навигација со информации за сообраќајот, како и систем за безбедност со камера од 360 степени и откривање на возила во слеп агол се дел од стандардната опрема.

Моделот се издвојува со својот напреден централен дисплеј од 12,7 инчи, кој поддржува безжично поврзување со Android Auto и Apple CarPlay. Ова овозможува непрекината поврзаност и персонализирано корисничко искуство. Дополнително, вградената камера за патување овозможува снимање и зачувување на патувањата.

Во однос на безбедноста, Lynk&Co 01 доби целосна оценка од пет ѕвездички во престижната Европска програма за проценка на нови автомобили (EuroNCAP) во 2021 година. Гаранцијата за моделот е 4 години или 120.000 километри, додека гаранцијата за батерискиот систем е продолжена на 96 месеци.

Редовната цена на Lynk&Co 01 изнесува 46.990 евра, но за првите купувачи е достапен по специјална „Welcome“ цена од 39.990 евра. Доплата за ексклузивната боја Aurora Blue е 960 евра. Автомобилот е достапен за тест возење и може да се најде во салонот во Џевахир.

Претходна статијаМарк Закерберг ги откри притисоците кои им биле правени од страна на властите во САД, посебно за време на „корона“ кризата
Следна статијаTesla го освежи нивниот Model Y автомобил кој за почеток ќе биде достапен само во Кина