калифорнија
Фото: ShutterStock

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Џери Браун, планира голема трансформација на возниот парк во државата. Според проценките од спроведувањето на неговиот план, се очекува тој да биде во финална фаза во 2040-та. Секако, планот веројатно ќе го надживее својот идеен творец, но паметно би било да се спроведе до крај.

Според сегашниот прогрес, во Калифорнија во 40-тите години од 21-иот век, електричните автомобили ќе бидат распространети исто како и паметните мобилни телефони денес.

Инаку, Калифорнија е на првото место по продажба на возила со нулта емисија на штетни гасови. Со 362 000 примероци продадени во оваа сојузна држава, таа учествува со речиси половина од вкупниот број на вакви возила продадени во САД. Гувернерот Браун во 2012 предвидуваше бројката да изнесува 1,5 милиони до 2025. Тој ги корегираше своите проекции лани кога бројката ја качи на дури 5 милиони до 2030-та.

Проекциите за исчезнување на возилата на фосилни горива од патиштата дополнително ќе ја катализира законот кој ќе ги забрани истите. Имено, законот ќе стапи на сила во 2040-та година, а ќе забранува продавање на возила со внатрешно согорување на територијата на Калифорнија.

Статистиката покажува дека популарноста на овие возила вртоглаво расте последните години. Проекциите кои неодамна делуваа преамбициозни, од денешна гледна точка се сосема реални. Може да се очекува дека таквиот тренд, дополнително ќе оди нагоре со изградбата на потребната инфраструктура и напредокот на технологијата.

Извори: Forbes, Next10

Претходна статијаТри економски гиганти ќе го спасуваат здравство во САД
Следна статијаВо САД се заговара закон кој ќе обврзува заменливи батерии и лесно поправливи уреди

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.