Shutterstock.com

Познатиот производител на автомобили Chevrolet најави дека од идната година ќе им овозможи на родителите да бидат посигурни дека нивните деца ќе го стават појасот во автомобилот. Тоа ќе го направат преку нов систем којшто нема да дозволи палење на автомобилот доколку појасот не е ставен.

Начинот на којшто ќе работи овој систем е преку посебен клуч којшто ќе вклучува одредени функции на автомобилот. Тоа значи дека родителите можат да им го даваат овој клуч на своите деца тинејџери и со тоа да добијат одредена сигурност за нивната безбедност.

Исто така, овој систем го исклучува звукот на радиото додека појасот не биде поставен, а ова е нешто што веќе е дел и од постојните модели од Chevrolet.

Интересен систем којшто се прашуваме како ќе функционира, а посебно кај тинејџерите. Познато е дека кај нас голем дел од возачите на автомобил кој има аларм доколку појасот не е ставен, купуваат додатни приклучоци за да ги стават на местото каде се става појасот, па да не мора навистина да го стават.

Овој систем делува дека исто така лесно може да биде „изигран“, но сепак, работата е во процентите, па сигурно кај одреден процент ќе направи реална разлика.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMotorola го претстави Moto Z4 со 48 мегапикселна камера и компатибилност со ланските Moto Mods додатоци
Следна статијаXiaomi и Oppo најавија дека имаат развиено технологија со која селфи камерата може да се постави под екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.