Телефонот којшто Amazon по грешка го продаде пред некој ден, денеска и официјално е претставен од страна на Motorola. Се работи за најновата генерација од Moto Z серијата, која го носи името Moto Z4.

Како и претходниот модел, се работи за уред од средната класа, но сепак оваа година тој доаѓа со одредени подобрувања кои ќе ја направат цената прилично привлечна за корисниците. Кога на тоа ќе се додаде чистото Android искуство кое е карактеристично за Moto уредите, корисниците добиваат одличен избор.

Нешто што веднаш ќе се забележи во однос на ланскиот модел кај Moto Z4 е екранот. Тој има доста помали рамки околу него, а тоа се должи на вклучувањето на исечок на горната страна, но само мал, како што го нарекуваат, во форма на солза.

Со тоа се добива формат на екранот од 19:9, одличен формат којшто го става акцентот на екранот, наместо на рамките.

Големината на екранот е 6,4 инчи и доаѓа со Full HD+ резолуција која е стандардна за средната класа. Камерата која е поставена во исечокот од екранот е со 25 мегапиксели, па корисниците можат да бидат сигурни дека ќе сликаат чисти и квалитетни селфи слики.

На задната страна, оваа година е поставена само една камера која има сензор од 48 мегапиксели. Оваа камера, како што можевме да видиме кај неколку конкуренти, ги спојува пиксели во група од 4 со што се добива поквалитетна слика со 12 мегапиксели, а посебно во темни услови.

За сликањето во темни услови вклучен е и Night режим, како и помош од вештачката интелигенција која точно ги одредува сцените и потребни прилагодувања на камерата за подобри слики.

Процесорот на којшто работи Moto Z4 е Snapdragon 675, а има и 4 GB RAM меморија во комбинација со 128 GB простор за податоци кој може да биде зголемен со картичка.

Батеријата на Z4 е со поголем капацитет од 3.600 mAh, што кога ќе се земе во предвид процесорот и екранот од средната класа, може да се очекува одлично траење на истата. Од Motorola истакнуваат траење на батеријата до 2 дена, но тоа секако зависи од начинот на користење на уредот, нешто што прави да во денешно време е тешко да се постигне така лесно.

Moto Z4 е компатибилен со ланските Moto Mods, па корисниците можат да додадат 5G на овој уред, додатна 360 камера и слично.

Цената по која ќе се продава Moto Z4 е 499 долари, а ќе видиме како тоа ќе се пренесе во нашата земја кога ќе стане достапен.

https://youtu.be/9awdhQ46cVU
ИЗВОРMotorola
ИЗВОР 2GSM Arena
Претходна статијаUniversal Windows Platform дефинитивно го нема планираниот успех, па Microsoft го намалува значењето на платформата
Следна статијаChevrolet „Buckle to Drive” нема да им дозволи на тинејџерите да го вклучат автомобилот додека не го стават појасот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.