Фото: Shutterstock.com

До развојот на подобри батерии, нешто што го чекаме и за преносните уреди, потребни се други креативни решенија за продолжување на километражата која можат да ја поминат електричните автомобили со едно полнење.

Веќе е познат системот кој ја искористува енергија при кочење на автомобилот, па батеријата добива мало дополнување, доволно за хибридните возила да немаат потреба од приклучување на електричната мрежа.

BMW има и друга замисла за тоа како може да се дополнуваат батериите и со тоа да им се овозможи на возачите да поминат нешто повеќе километри, иако оваа компанија не е првата, ниту единствената која размислува за вакво нешто.

Според патент поднесен во Германија, би се искористила енергијата која „останува“ при движењето на амортизерите при нерамнини на патот, како што се дупките, легнатите полицајци и слично.

Оваа енергија обично се распределува и губи како топлотна енергија. Систем составен од мал генератор, замаец и спојка би генерирал електрична енергија секогаш кога амортизерите се враќаат нагоре, односно во оригиналната позиција.

Нема точни информации, а и потребно е човек доволно да се разбира на оваа тематика, за да процени колку енергија може да се генерира на ваков начин, но едно е сигурно, на нашите патишта истата би била доста поголема.

Дали BMW или било кој друг производител некогаш ќе направи ваков систем, не е познато. Не е ретко патент да се поднесе без истиот некогаш да биде искористен.

Друг фактор е секако развојот на батериите, па ќе зависи што ќе дојде побрзо и ќе биде поисплатливо.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНеофицијален промотивен материјал ги прикажува изгледот и новите бои кај Galaxy S23 серијата
Следна статијаДочек на Новата година со инспиративни филмови на Pickbox NOW
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.