Galaxy S23 серијата треба да биде претставена на настан на почетокот од февруари идната година, а според информациите, тоа ќе се случи на 1 февруари. Досега можевме да прочитаме доволно информации за уредите, како и обично, па во основа знаеме што да очекуваме.

Како и секогаш, истакнуваме дека најголемата новина ќе биде поврзана со чипот на кој ќе работат овие уреди, овој пат во сите земји во светот. Snapdragon 8 Gen 2 треба да биде достапен и за корисниците во Европа кои после неколку години ќе добијат уреди со истите перформанси како во другите земји.

Информациите говорат дека Samsung ќе престане да го користи својот Exynos чип, но само до развојот на нов, овој пат од секторот во компанијата задолжен за развој на мобилните.

Најновите слики кои ги објавија од 91mobiles се од промотивниот материјал стандардно објавуван од страна на Samsung. Од сликите може да се види новиот изглед на модулот за камерите кај двата основни модели, а тука се и новите бои кои ќе бидат истакнати.

Samsung секоја година додава по некоја интересна боја, покрај стандардните, па во промотивните материјали тие се посебно истакнати. Кај Galaxy S23+ таа изгледа ќе биде виолетова, додека кај Galaxy S23 Ultra нијанса од зелена.

На сликите не е прикажан основниот Galaxy S23, но се верува дека тој ќе биде ист, само помал, како Galaxy S23+ моделот, барем тоа е случајот секоја година.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаNike Training Club видеа стануваат достапни на Netflix
Следна статијаBMW сака да ги искористи нерамнините на коловозите за генерирање електрична енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.