Shutterstock.com

После одреден период на тестирање на промените кај ограничен број на корисници, Play Store на Android добива неколку промени во корисничкиот интерфејс кои се поврзани повеќе со функционалноста на апликацијата.

Главната промена е во тргањето на таканареченото „хамбургер“ мени, односно менито до кое се пристапува преку три линии. Ова мени беше поставено во горниот лев дел од апликацијата, а сега истото е тргнато. Прилагодувањата на Play Store сега се поставени на десната страна и до нив се пристапува преку сликата од сметката на корисникот.

Во овој дел се префрлени сите прилагодувања поврзани со апликацијата, а ова е промена која од Google веќе ја направија и кај други нивни апликации, односно кај Google Maps и Google Photos.

Промена е направена и на самиот дел со прилагодувањата, во Settings делот. Овој дел сега е појасно организиран во неколку категории, па корисниците веќе нема да имаат огромна листа со прилагодувања.

Промени може да се забележат, иако помали и во други делови од апликацијата, како на пример во резултатите од пребарување за апликации и слично.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаНова студија: На Европа и се потребни 355 милијарди долари за воведување на 5G
Следна статијаА1 Македонија ја одржа третата годишна конференција “Women in Digital 2021”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.