Иако дури ни Mozilla чиј Firefox е на далечното второ место не може да му конкурира на Chrome, сепак Opera не се даваат и продолжуваат да воведуваат функции на нивниот прелистувач кој го прават повеќе привлечен за корисниците.

Најновата функција е во правец на трендот на воведување на функции кои се поврзани со приватноста на корисниците, поради сознанијата колку истата е загрозена во денешно време.

Тоа значи дека покрај можноста за блокирање на рекламите, односно нивното прикажување, Opera сега добива можноста и за блокирање на тракерите кои обично се поврзани со рекламите.

Овие тракери го следат сурфањето на корисникот и кога не е на страната каде е прикажана рекламата, по што креираат профил за подобро прикажување на реклами. Ова можеби не е толку голем проблем кога се работи само за реклами, но искуството со Facebook покажа дека дата бази со информации од корисници, многу лесно може да се злоупотребат.

Како и другите прелистувачи кои нудат блокирање на тракери, така и Opera тоа го прави врз основа на листа која во овој случај е направена од страна на EasyPrivacy. За споредба, во Firefox се користи листата од Disconnect.

ИЗВОРOpera
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаHey Reilly, миленикот на мобилниот свет ги оживеа класичните ремек дела за Instagram генерацијата
Следна статијаЕвропската Унија и Советот на Европа продолжуваат да ги поддржуваат реформите во Западниот Балкан и Турција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.