После 6 месечно тестирање во одредени земји, Netflix оваа недела ја пушта својата нова функција која на корисниците треба дополнително да им помогне да најдат што да гледаат.

Оваа функција е Топ 10 листа на филмови и серии, која ќе се прикажува за двата видови на содржина на главната страна, но и посебно кога ќе се отворат посебните делови за филмови и серии.

Топ 10 листата ќе биде различна за секоја земја и ќе зависи од тоа што се гледа, односно што е популарно во секој регион посебно, а ќе се менува секојдневно. Исто така, оваа листа ќе зависи и од што е тоа што корисникот сака да гледа, што значи дека доколку некој филм е популарен во неговата земја, но е во категорија која тој никогаш не ја гледа, тој филм нема да му биде прикажан на првото место.

Покрај Топ 10 листата која треба да почне да се појавува како посебен дел помеѓу филмовите и сериите, секој филм или серија кои се на таа листа ќе имаат ознака на нив каде и да ги најде корисникот. Со тоа ќе се знае кои филмови се на топ листата и кога се бара содржина низ апликацијата.

Функцијата не е точно јасно дали веднаш ќе стане достапна во целиот свет, односно не е баш јасно од текстот на Netflix. Сега за сега кај нас не можеме да видиме никаква топ листа, па најверојатно пуштањето ќе иде постепено.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаЛекции од легендарниот Тајлер Коуен
Следна статијаНа 1ви Март започнува новата наградна игра на Макпетрол, „ВЕРНА секогаш со Вас“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.