Microsoft ја купи Wunderlist уште во 2015 како една од најпознатите апликации за организирање на денот, односно „To do“ апликации. Иако на почетокот се продолжи со нормалното функционирање на апликацијата, стана јасно дека истата ќе биде откажана по претставувањето на Microsoft To-Do две години подоцна.

Microsoft To Do, како што се вика сега, ги доби повеќето функции од Wunderlist, па и некои нови коишто ги немаше, па корисниците веќе можат слободно да се префрлат на оваа нова апликација која е замислена целосно да ја замени Wunderlist.

Откажувањето на Wunderlist ќе биде официјално на 6-ти мај идната година, а од компанијата веќе не примаат нови корисниците уште од сега. По 6-ти мај листите веќе нема да се синхронизираат, а корисниците ќе имаат уште одреден период шанса да ги префрлат на To Do.

Основачот на Wunderlist понуди да ја купи апликацијата и да продолжи да ја развива, но тоа беше јасно дека нема да им одговара на Microsoft кои на тој начин може да изгубат голем дел од корисниците кои нема да се решат да се префрлат на Microsoft To Do.

Инаку, Microsoft To Do е одлична апликација која на фановите на Wunderlist треба да им овозможи целосна замена. Единствената причина да не се префрлат листите на To Do е поврзаноста со брендот, нешто што е често со корисниците.

Префрлувањето на листите се прави лесно преку прилагодувањата на To Do, по што може да се продолжи со работа исто како на Wunderlist. Со оглед на тоа дека повеќето функции, па и дизајн решенија се дел од Microsoft To Do, корисниците во главно и не би требало да забележат голема промена.

ИЗВОРWunderlist
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија„Машки свет“ – нова емисија, со уникатна и оригинална содржина наменета за мажи
Следна статијаTrash for Art 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.