Користењето на „менаџер за лозинки“ е една од поважните работи кога е во прашање безбедноста на интернет во денешно време. Доволно сервиси се користат за кои е скоро невозможно да се паметат различни и сложени лозинки, па затоа користењето на апликација која ги чува овие лозинки е нешто што мора да се прави. За корисникот се што останува после е да ја памети само едната лозинка за отклучување на апликацијата, а тоа секако е возможно лесно.

LastPass беше една од најпознатите апликации за чување на лозинките, но популарноста падна уште пред годината дена кога сервисот беше продаден. Сепак, главниот пад на популарноста LastPass го доживува овие месец дена кога одлучија да ја ограничат бесплатната верзија.

Сега корисниците кои не се спремни да платат околу 36 долари за цела година, ќе мораат да одлучат дали сакаат пристап до своите лозинки од десктоп или од мобилен уред. За истото ќе можат да се премислат неколку пати, но потоа останува и нема да можат да ги користат и на мобилен и на десктоп.

Ова е секако доволно проблем и висока цена кога има бесплатни алтернативи на пазарот кои се популарни и доволно добри за да можат да го заменат LastPass.

Ние ви го препорачуваме Bitwarden, сервис за чување на лозинки кој е со отворен код и овозможува силна енкрипција на податоците до кои ниту од компанијата немаат пристап. Во тоа е можеби и главната „маана“ на сервисот, доколку ја заборавите главната лозинка, нема да можете да пристапите до сервисот, односно нема начин истата да биде ресетирана.

Префрлувањето на лозинките и другите информации се прави доста лесно. Се што треба е да направите Export од LastPass во CSV формат, па таа датотека можете да ја внесете во Bitwareden.

Bitwarden е бесплатен со неограничен број на уреди, а е достапен на сите платформи. Достапна е и платена верзија, која чини 10 долари годишно, но истата нуди додатни функции кои на повеќето не им се потребни, бесплатната верзија е доволна.

Претходна статијаHuawei со најбрз раст на продажбата на уреди за носење – 87,2% на годишно ниво
Следна статијаНовите Samsung Galaxy A52 и A72 – врвна технологија по прифатлива цена
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.