Instagram ја претстави IGTV пред нешто повеќе од година и пол, како посебна апликација наменета за видео содржина. Главната карактеристика која веднаш ја издвои од останатите беше форматот на видеата, односно тие беа вертикални, замислени да се гледаат како што се држат мобилните телефони.

Сепак, овој сервис, иако се користи од милиони корисници, не успеа да стане доволно популарен. Милионите корисници се само еден мал дел од над милијарда корисници кои ги има Instagram, па може јасно да се заклучи дека IGTV не се покажа успешно како Instagram Stories, на пример.

Сигурно веќе имате забележано, Instagram го тргна посебното копче на главната страна од Instagram апликацијата кое беше наменето да ја отвори IGTV апликацијата или да го отвори посебниот дел од Instagram во кој беше вграден IGTV.

Причината за тоа е позната, односно корисниците не го користат ова копче ни приближно доволно за да може да се оправда неговото оставање на толку видна и главна позиција. Од компанијата истакнуваат и за TechCrunch дека нивната цел е да Instagram биде што поедноставна апликација што може.

Ова сепак не значи откажување на апликацијата или на сервисот генерално. Корисниците можат да продолжат да си ја користат апликацијата ако тоа веќе го правеле, а предлозите за видеа од IGTV ќе може да продолжат да се гледаат во Explore делот од Instagram, како и на профилите од корисниците кои прават вакви видеа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаNetflix планира да потроши околу 17 милијарди долари на нивна оригинална содржина оваа година
Следна статијаМакпетрол е најуспешен на Државното карате првенство за сениори со 12 медали
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.