Shutterstock.com

Со оглед на тоа дека веќе е јасно дека Huawei не може да ги користи сервисите и апликациите од Google, од компанијата почнаа да ги спремаат своите алтернативи, односно компанијата нема да престане да функционира како што тоа го правеше досега.

До крајот на минатото лето уште имаше шанса да проблемите се решат на време, односно пред претставувањето на нови уреди од страна на Huawei, но потоа стана јасно дека оваа ситуација ќе потрае, а изгледа и доволно за да дури и да се реши во иднина, на Huawei веќе може и да не му треба Google.

Затоа и имаше информации дека Google лобира да се тргне забраната за работа со Huawei, на нив им беше јасно дека на крајот тие ќе изгубат, како приходи од лиценцирањето на нивните сервиси, така и достапноста на тие сервиси на милионите уреди од Huawei.

Huawei веќе почна поактивно да привлекува програмери кои ќе ги развиваат нивните апликации за продавницата на компанијата. Ова веќе е практика во Кина, па сега се зголемува бројот на достапни апликации и за во остатокот од светот.

Според информации кои ги пренесува Reuters, познатата компанија TomTom се има договорено за соработка со Huawei. Тоа кратко кажано значи дека од Huawei ја најдоа својата замена за Google Maps, па може да се очекува во иднина нивните уреди да доаѓаат со мапи кои се направени на основа на податоците од TomTom.

Ова треба да биде случајот со повеќето сервиси од Google, за кои сепак во светото постојат алтернативи, а тие не се само во Кина.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаSpaceX го тестираше својот систем за итно одвојување на модулот со астронаути при проблеми со ракетата
Следна статијаMicrosoft планира да има негативен јаглероден отпечаток до 2030 и да го отстрани целиот јаглероден диоксид од основањето на компанијата до 2050
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.