SpaceX во текот на вчерашниот ден го тестираше својот систем за итно одвојување на модулот за астронаути Crew Dragon којшто би требало да се вклучи во случај нешто да не е во ред со ракетата при лансирањето во орбитата на Земјата.

Овој тест е дел од низа на тестови кои ќе треба да се направат пред да почне да се користи од страна на NASA за тие кончено повторно да почнат да праќаат астронаути од нивната земја, односно од САД. Ова како практика беше прекинато по откажувањето на шатл програмата на NASA, а повеќето астронаути после тоа беа испраќани преку Русија.

Вчерашниот тест на SpaceX вклучуваше полетување на Crew Dragon на Falcon 9 ракета. По постигнување на одредена планирана висина, модулот симулира појава на проблеми, по што и испраќа команда на Falcon 9 ракетата да се исклучи.

По исклучувањето на ракетата се вклучуваат 8 вградени SuperDraco мотори кои треба дополнително да го одвојат модулот од проблематичната ракета која во одредени ситуации може и да експлодира. Потоа модулот почнува да паѓа накај земјата, а е забавен од падобранците кои се исто така дел од неговиот систем.

Тестот кој се одржа вчера беше успешен, а истиот беше пренесуван во живо, а видео снимката од истиот можете да ја погледнете на почетокот од статијата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаHUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн
Следна статијаHuawei можно е да ги користи мапите од TomTom наместо Google Maps кои веќе не им се достапни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.