Google минатата недела претстави нова апликација, наречена Voice Access и истата е наменета да на корисниците им овозможи целосно користење на оперативниот систем со гласовни команди. Мобилните телефони веќе имаат гласовни команди, меѓутоа оваа апликација овозможува многу повеќе од нив, односно истата е наменета за отворање на апликации, навигација низ нив, скролање, користење на паметните асистент, пишување на текст и повеќе.

Разликата на оваа апликација од другите слични, односно поголемите можности, доаѓаат од нејзината таргет група на корисници. Voice Access е развиена со помош и е наменета за лицата со попреченост кои не можат да ги користат нивните мобилни телефони класично со рацете, барем не во повеќе случаеви.

За да им ја олесни работата на корисниците, оваа апликација додава бројки на корисничкиот интерфејс од апликациите, па тие можат да „кликаат“ на апликациите со изговорување на бројката.

За да може најдобро да се користи оваа апликација, потребно е вклучување на функцијата „OK Google“, со која се овозможува константно слушање за командите на корисниците.

Иако апликацијата е наменета во главно за лицата со попреченост, сепак истата може да се користи и од корисниците кои прават повеќе работи во исто време, па не се во можност да го држат својот мобилен во тој момент.

Оваа апликација беше претставена во бета верзија уште пред некоја година, па сега истата е официјално достапна за сите корисници.

За оваа апликација повеќе можете да прочитате на блогот на Google, а можете да ја симнете од Play Store преку овој линк.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаНаредната генерација на Wi-Fi стандардот ќе донесе и нов начин на негово именување
Следна статијаMicrosoft ја паузира October 2018 надградбата на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.