За разлика од претходните години, оваа година Samsung се одлучи да ја прединсталира Google Messages кај новите Galaxy S21 телефони. Samsung Messages е уште достапна, но сега корисници имаат избор која сакаат да ја користат веднаш по првото вклучување на телефонот, без потреба од додатна инсталација.

Според информациите, Google Messages можно е да стане главната апликација за SMS пораки на Samsung уредите, па промената која ја воведе Google кај оваа апликација, дефинитивно оди во тој правец.

Google Messages доби мал редизајн во правец на дизајн правилата на One UI од Samsung. Главната промена која ќе се забележи, а една од повеќе познатите карактеристики на One UI, е поголем празен дел од апликацијата во горниот дел каде е достапно само името на апликацијата и бројот на непрочитани пораки. Од половината на екранот почнуваат пораките, а со нивно разгледување, тие почнуваат да го заземаат целиот екран.

Оваа промена во One UI беше специјално најавена и ја користат повеќе апликации од Samsung, а е тука за да го олесни користењето на уредите со една рака, а посебни тие со поголеми екрани. Кога главната содржина е подолу на екранот, истата многу полесно е достапна за палецот кога корисникот ја користи едната рака.

Оваа промена моментално е достапна кај Galaxy S21 серијата, но се најавува дека истата ќе стане достапна и кај нешто постарите модели.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНеофицијални „бенчмарк“ резултати покажуваат големо подобрување кај Snapdragon 8cx Gen 3
Следна статијаMicrosoft ја најави Windows 10 May 2021 надградбата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.