Ова е можеби нешто што помалку се очекуваше, а посебно поради можноста на програмерите да работат и од дома. Сепак, Google одлучи да ја одложи најновата верзија од Google Chrome која требаше да биде пуштена оваа недела.

Наместо тоа, Google Chrome 81 ќе биде пуштена во иднина, додека Chrome 80 ќе продолжи да добива само безбедносни надградби.

Со оглед на тоа дека Chrome е направен на основа на отворениот Chromium код, ова одложување изгледа ќе ги одложи новите верзии и на другите прелистувачи кои се прават на овој код, како Microsoft Edge, Opera, Brave и други, барем кога е во прашање основниот код.

Причината, како што истакнуваат од Google, е променетиот, односно прилагоден распоред за работа во овој момент, па пуштањето на новите верзии е ставено на пауза.

За корисниците ова нема да претставува некаков проблем, се работи за една верзија, а безбедносните надградби нема да застанат.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаМакпетрол АД донира медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари за борба против вирусот „КОВИД-19“ на Министерството за здравство
Следна статијаНовиот iPad Pro на Apple дополнително ја намалува границата помеѓу таблет компјутерот и лаптопите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.