Apple остана на својата одлука дека нема да развива хибридни уреди како тие кои работат на Windows, што значи дека продолжи да развива два оперативни систем, еден за лаптоп и десктоп компјутерите и еден за мобилните. Сепак, iOS се подели на два дела, со истата основа, па корисниците на iPad сега имаат свој iPadOS оперативен систем.

iPad Pro е категорија која го носи корисничкото искуство на овој таблет компјутер скоро на ниво на еден лаптоп, а со оглед на тоа дека има огромен број на лаптоп компјутери, iPad Pro е подобар во перформанси од повеќето нив.

Најновата верзија од iPad Pro, која Apple ја претстави вчера, донесува низа подобрувања кај овој таблет, но и кај тастатурата која може да се додаде и да се добие повеќе лаптоп корисничко искуство.

На прв поглед се забележува новиот модул за камерите на задната страна кој е како на новите iPhone телефони. На него се поставени две камери, од кои едната со ултра широк агол на сликање. Тие имаат сензори со 12 и со 10 мегапиксели, а тука е и LiDAR скенерот којшто со својата способност за одредување на оддалеченоста на објектите ќе овозможи многу подобро искуство кај апликациите за изменета реалност.

Apple сака iPad да го заслужи Pro додатокот, па во него има вградено и 5 микрофони со студио квалитет, со што снимањето на видео со овој уред нема да биде нешто подобро оставено за мобилните или камерите.

Новиот iPad Pro работи на новиот A12Z Bionic чип кој има 8 јадра и графички процесор со исто толку јадра. Со овој процесор Apple тврди дека iPad Pro е побрз од повеќето Windows лаптопи, но ние би додале дека тоа сепак се однесува на тие од пониската и дел од средната класа.

Екранот на iPad Pro доаѓа во 2 големини, односно 11 и 12,9 инчи, а како што веќе стана популарно, тој има стапка на освежување од 120 херци.

Тастатурата која може да се додаде кај iPad Pro исто така е нова и сега има trackpad. Најновата верзија од iPadOS, поточно 13.4 доаѓа со поддршка за овој хардвер, па дефинитивно може да се каже дека овој уред сега е многу поблиску до лаптоп од било кога.

Начинот на којшто работи trackpad-от сепак не е ист како на лаптоп, односно тој е прилагоден за работа на таблет. Тоа е добро и сигурни сме дека од Apple тоа го имаат направено најдобро што може.

ИЗВОРApple
Претходна статијаGoogle го одложи пуштањето на нова верзија од Chrome поради COVID-19
Следна статијаГолема посетеност на платформата „Домашна училница“ во Битола
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.