Shutterstock.com

Повеќето корисници кога ја внесуваат адресата на веб страната што сакаат да ја отворат, тоа го прават без внесување и на протоколот, односно се внесува smartportal.mk, а не https://www.smartportal.mk. Прелистувачот сам го додава протоколот, а досега тоа беше HTTP протоколот, по што се прави пренасочување кон HTTPS.

Google најави дека од наредната, деведесетта верзија од Chrome, стандардниот протокол кој ќе се користи ќе биде HTTPS. Овој протокол веќе неколку години се промовира од страна на компанијата, а сега повеќето од веб страните имаат барем бесплатен сертификат, со што може да се каже дека комуникацијата со корисниците е побезбедна, а тоа посебно важи за страните на кои се внесуваат одредени податоци.

Од Google истакнуваат дека со оваа промена и самото отворање на страните ќе биде побрзо. Причината за тоа е што сега повеќето страни користат HTTPS, па прелистувачот нема да мора да прави пренасочување од HTTP на HTTPS, што во практика ќе скрати по некоја стотинка во отворањето.

Малиот процент на страните кои не користат HTTPS ќе бидат пренасочувани, исто како што тоа досега се правеше за шифрираниот протокол.

Chrome 90 треба да биде пуштен некаде во втората недела од идниот месец.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаApple ќе инвестира над милијарда евра во Европски центар за 5G и безжични технологии во Минхен
Следна статијаMicrosoft претстави нови икони во File Explorer на Windows 10
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.