Mozilla

Mozilla Firefox е еден од првите прелистувачи кој започна со блокирање на „колачињата“ од трети страни, за почеток во режим на приватно сурфање, а потоа го овозможи корисниците да можат по избор да го вклучат и при стандардно сурфање.

Блокирањето на колачињата од трети страни е наменето за подобрување на приватноста на корисниците при сурфање. Овие колачиња не се проблем според тоа како биле замислени да се користат. Тие го следат сурфањето на корисниците низ интернетот, а со тоа им овозможуваат на огласувачите да им прикажат реклами кои нив би ги интересирале.

Сепак, искуството покажа дека информациите кои овие колачиња ги собираат е поголемо од што би требало, а неколкуте случувања покажаа дека кога компаниите имаат пристап до вакви информации од корисниците, тие не ретко и ги злоупотребуваат.

Блокирањето на колачиња од трети страни сега ќе биде автоматски вклучено за сите корисници, односно корисници кои првпат го инсталираат прелистувачот. За постојните тоа ќе биде променето во наредните месеци, а секако корисниците уште ја имаат можноста да самите го вклучат истото.

Блокирањето на колачињата од трети страни, како и блокирањето на додатни колачиња и скрипти врз основа на листа, овозможува поголем степен на приватност на интернет. Секако, ова не значи дека веќе никој не може да го следи сурфањето на корисниците, но барем сега тоа не можат да го прават сите компании кои имаат некаква страна или маркетинг агенција.

Вклучувањето на оваа опција, доколку веќе сте корисник на Firefox и не ви е вклучена, се прави преку влегување во Options > Privacy & Security > Content Blocking. Тука најдобро е да отидете на Custom делот, за да можете самите да изберете што да биде блокирано, па во делот Cookies може да изберете Third-party trackers.

Не се препорачува блокирање на сите колачиња, поради тоа што одредени страни не можат да работат без истите, а нивното блокирање кога сте на друга страна прави да нема потреба истото да го направите.

Ние препорачуваме да ги вклучите и двете нови можности за блокирање на Cryptominers и Fingerprinters.  

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2The Hacker News
Претходна статијаОбјавени првите неофицијални „рендери“ од Samsung Galaxy Note 10
Следна статијаAmazon претстави нов дрон наменет за доставување на пратки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.