Google излезе со нова верзија на својата YouTube апликација за Android. Истата содржи нов дизајн, како и додатни функции кои ја прават оваа апликација меѓу подобрите во продавницата за апликации.
Меѓу најголемите, а и најинтересните новини е можноста да го намалите видеото што го гледате, во десниот долен агол и да продолжите со разгледување на друга содржина додека видеото продолжува намалено. Оваа функција е наречена inn-app multitasking, односно мултитаскинг во апликацијата. Потоа намаленото видео можете да го исклучите со влечење лево или десно. Може да се вратите и да продолжите да го гледате видеото со притискање на намаленото видео или со влечење нагоре. Намалувањето на видеото се активира со кликање на back копчето или со влечење надоле.
Што се е ново во 5-тата верзија на YouTube?
- Нов дизајн базиран на разгледување на „карти“
- Landscape позицијата на таблет веќе не го зголемува видеото на целиот екран
- Брз пристап до историја на гледани видеа, омилени видеа, плејлисти, качени видеа и листата „Гледајте подоцна“ (Watch latter) од менито што се извлекува од десната страна
- Можност за пребарување на плејлисти
- Нова икона на апликацијата
Доколку сте редовен корисник на оваа апликација, сигурно ќе ви се допадне новата верзија. Истата можете да ја ажурирате во продавницата за апликации, ако веќе не сте го направиле тоа.