Најновата надградба на мобилниот оперативен систем од Google, Android ја носи верзијата 4.3 и ја надградува верзијата 4.2. Поради тоа што не се работи за голема надградба секогаш интересното име останува исто, односно во овој случај Jelly Bean. Сепак оваа верзија не е за занемарување, донесува одредени нови функции барани од корисниците, како и подобрување на перформансите. Што се е ново во Android 4.3 Jelly Bean?

Ограничени профили за повеќе корисници

Можноста за креирање повеќе корисници беше достапна и во претходната верзија, а со оваа верзија на Android ќе можете да креирате ограничувања за секој корисник. Ова значи дека за секој кориснички профил што ќе го креирате, ќе можете да избирате до кои апликации ќе има пристап профилот, до кои веб страни ќе може да пристапува. Постои разлика помеѓу креирање на целосно нов корисник, односно креирањето на нов кориснички профил значи дека ќе избирате кои апликации да бидат достапни од веќе инсталираните на главниот профил на сопственикот на таблетот. Посебниот профил функционира во изолирана околина, со сопствен локален простор, Home екран, виџети и прилагодувања. Од оваа функција најмногу ќе имаат корист родителите кои ќе креираат ограничени профили за децата, исто така профили за гости и слично.

Оваа функција е достапна само на корисниците на таблет компјутери.

multi-user jb

 

Bluetooth Smart технологија

LogoBluetoothSmart

Поддршка за поврзување со нов тип на енергетски ефикасни Bluetooth уреди. Со оваа технологија уредите поврзани на вашиот мобилен или таблет помалку ќе ја трошат батеријата. Поточно овие уреди претставуваат сензори кои се поврзуваат со конкретната апликација и собираат конкретни информации, како на пример уреди за фитнес апликации, педометри.

Open GL ES 3.0

Ова е функција што ќе ги интересира играчите на игри, односно оваа верзија донесува подобра графика за игрите и видеата.

 

Функција која е конкретно за мобилните телефони е воведувањето на автоматското довршување на броевите и имињата преку бирачот на броеви.

Доколку сакате да ја погледнете деталната листа на промени во оваа верзија на Android погледнете ја официјалната страна на следниот линк: http://www.android.com/about/jelly-bean/ .

Претходна статијаПрилагодувања за приватност на Facebook објаснети
Следна статијаYouTube за Android верзија 5
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.