YouTube

YouTube неодамна воведе новина која се однесува на начинот на прелистување на видеата на својата десктоп верзија. Како што добар дел од корисниците забележаа, сега е можно да ја прегледате содржината на видеата, секако без звук, пред целосно да ги отворите. Доколку пак, „скролате“ по „домашната“ страна на YouTube ќе приметите дека видеата се пуштаат автоматски доколку стрелката ја поставите врз одредено видео.

Што се однесува до апликацијата оваа новина наидува на поделени мислења кај јавноста. Корисниците кај кои е достапна, забележуваат дека и тука видеата се пуштаат автоматски, без звук и со превод. Меѓутоа, проблемот се јавува кога повеќе видеа се пуштаат истовремено што побарува голем на трансфер на податоци. Понатаму, ваквото однесување на апликацијата некои го толкуваат како принудно прикажување на содржини, што во секој случај остава негативен впечаток.

Опцијата е можно да се исклучи во менито за поставки. Дополнително, можно е да се подеси опцијата да биде достапна само доколку е осигурана стабилна конекција. Ваквата можност сѐ уште е во тест фаза и develop-ерите веројатно испитуваат колку ќе биде корисна во пракса.

Извори: Android Authority, The Independent

Претходна статијаApple работи со LG на свитлив дисплеј за iPhone
Следна статијаOculus Go чини само 200 долари и овозможува VR без потреба од компјутер или смартфон