Корисниците на познатата апликација за разговори WhatsApp, ја добиваат можноста да испраќаат пораки на корисници кои не се нивни контакти. Досега за ова беше потребно телефонскиот број прво да се зачува во контактите на телефонот, по што ќе се појави и во листата на WhatsApp.
Причините зошто некој би сакал да испрати порака на корисникот кој не е во неговите контактите се повеќе, а еден пример е испраќање на порака до доставувачот на храна или до еднократниот превоз до аеродром организиран од компанијата.
Ова се ситуации кога се има потреба да се испрати порака на непознати луѓе, па нивното додавање во контактите ќе ја наполни листата со корисници кои подоцна би се чуделе кои се.
Започнувањето на разговор со корисникот кој не е во контакт листата се прави со притискање на копчето за нов разговор, па пребарување со внесување на телефонскиот број.
За разлика од порано, сега ова пребарување ќе даде резултат, секако доколку се работи за WhatsApp корисник, по што ќе може да се започне разговор.