Фото: Geektime преку The Verge

Апликацијата Waze, која е позната по нестандардните функции кои на корисниците им овозможуваат корисни информации при патувањата, тестира уште една ваква за нив карактеристична функција. Овој пат корисниците добиваат предупредување доколку патот ги води во делови кои претставуваат ризик за сообраќајна незгода.

Поточно, патиштата каде што често се пријавувани незгоди, ќе биде означувани со црвена боја, а корисниците ќе добијат и едно известување за да знаат дека почнуваат да возат на таков пат.

Оваа новина е достапна во бета верзијата од Waze апликацијата, па не е познато кога се планира пуштање за сите корисници, а и дали ќе им биде достапна на корисниците во целиот свет.

Инаку, Google ја спои оваа апликација, односно компанијата, под капата на Google Maps, после подолго време на функционирање независно. Засега нема најави за откажување на Waze, па сега заедничкиот тим ќе работи на развојот на двете апликации, што значи може да се очекуваат и повеќе слични функции.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаОбновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Македонски Брод
Следна статијаСтартапите C-Lab Samsung Electronics дебитираа на саемот CES 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.