chrome-webstore

Google изврши промена на како што ги нарекува можностите за заработка преку нивната Chrome Web Store продавница за апликации, екстензии и теми за Chrome прелистувачот. Програмерите од сега ќе имаат можност да покрај апликациите, наплаќаат и за нивните екстензии, како и теми за промена на изгледот на прелистувачот. Chrome Web Store е составена од веб апликации, екстензии, теми и новите апликации за десктоп кои што работат како локални апликации.

Исто така воведена е можноста за Free trial симнување, односно симнување на апликација која што се наплаќа бесплатно со можност да ја пробате ограничен период. Оваа можност е достапна за Chrome апликациите за десктоп, како и за екстензиите.

Google исто така има направено измени во API алатката кои што треба да им овозможи на програмерите полесно да ги објавуваат своите апликации и да се сконцентрираат повеќе на нивната изработка, наместо на други работи поврзани со продавницата.

Извор: Google Developers Blog

Претходна статијаGoogle воведе Add-ons за Docs и Sheets
Следна статијаБритански и Германски универзитети ќе работат на истражување и развој на 5G технологија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.