Сигурно голем дел од претприемачите секојдневно размислуваат како да си го поедностават и да си го олеснат работењето, а истовремено бизнисот да расте, и притоа да имаат целосна контрола над него. Технологијата ни е пријател – особено кога е во прашање водењето на сопствен бизнис и ефикасното управување со истиот. Истовремено, бројните алатки кои ни помагаат да маневрираме низ денот станаа толку достапни, што уште одамна „ги носиме“ со нас во нашите паметни телефони.

Денес можеме лесно да го организираме и да го водиме бизнисот без наше физичко присуство.  

Мобилната апликација Telekom MK на деловните корисници им овозможува целосен приказ на телекомуникациските услуги и едноставна и лесна контрола на трошоците, преку нивниот мобилен телефон.

Telekom MK на деловните корисници им овозможува увид во нивната тарифа и информација за моменталната интернет состојба и потрошениот сообраќај. И сето тоа, со само еден допир на екранот, со само еден прст!

Почетниот екран дава јасен преглед на сите достапни услуги, како и брз пристап до сите функционалности. Преку  „Детали за сметка“, имате увид во сите работи поврзани со вашата сметка, а со Telekom MK можете да активирате и да деактивирате пакети по ваш вкус, но и да промените тарифа доколку сметате дека некоја друга повеќе ви одговара. Повторно – само со еден допир, само со еден прст.

Електронските алатки можат да ни заштедат драгоцено време и да ни понудат различни одговори за прашањата коишто нè засегаат. Некои од нив нè информираат, а некои ни даваат можност и поголема контрола над животот и над работите кои ни се важни.

Апликацијата Telekom MK е достапна за сите нови и постојни деловни корисници на Македонски Телеком коишто ги користат Magenta 1 Business и Business тарифите. Таа е компатибилна со сите видови паметни телефони, а можете да ја најдете на Google Play, App Store и AppGallery. Преземањето од сите три места е комплетно бесплатно.

Доколку ја немате, преземете ја апликацијата Telekom MK за деловни корисници веднаш и промотивно активирајте 100GB мобилен интернет за 1 денар. Не ја пропуштајте оваа можност!

Дознајте повеќе на: https://telekommk.page.link/9k1S.     

Претходна статијаSamsung го најавува глобалното лансирање на комбинираната машина за перење – Bespoke AI™ со паметни и одржливи решенија
Следна статијаApple ги промени правилата за измена и бришење на испратените пораки во Messages на iOS 16