Mozilla продолжува со воведување на функции по кои е позната нивната организација и Firefox прелистувачот, а се поврзани со приватноста на корисниците. Најновата функција е наречена Total Cookie Protection и е вградена во највисокото ниво на заштитата од тракери, односно во „strict“ нивото.

Тоа што Total Cookie Protection го прави е ограничување на колачињата од страните само на таа страна каде се креирани. Истото важи и за вградената содржина на страните од трети страни, односно се ограничуваат на таа страна и тие колачиња.

Од Mozilla ова ограничување на колачињата секое во страната која ги има креирано го нарекуваат ограничување на колачињата во посебни „тегли“, односно секое во својата тегла за колачиња.

Со ова, корисниците се заштитени од колачињата кои покрај за основата функција, во денешно време се користат за нивно означување и следење низ другите веб страни кои ги отвораат, најчесто за маркетинг цели.

Од Mozilla истакнуваат дека овој нов систем е паметен и кога ќе забележи дека страната сака да искористи некое колаче од друга страна кое е за најава на таа страна, истото се дозволува и со тоа се спречуваат ситуациите да некои страни и сервиси не функционираат поради заштитата.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаНЕПТУН семејството заедно со генералниот директор Горан Цветинов ги пронајдоа и наградија најуникатните палавковци
Следна статијаGoogle најави шест новини во Android поврзани со повеќе делови и апликации од системот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.