Shutterstock.com

Telegram е една од најпопуларните апликации за разговори во светот, а и една од најуспешните кога е во прашање конкурирањето на Messenger и WhatsApp од Meta, Viber и другите.

Две причини се одговорни за успехот на Telegram. Едната е брзината на работата на апликацијата која додека не ја пробате, не очекувате дека тоа е нешто кое може да се забележи во денешно време. Тука се и стандардните функции кои го прават разговарањето преку Telegram интересно искуство.

Втората причина е можеби и поголема од првата и се однесува на приватноста на разговорите. Иако Telegram не користи „од-крај-до-крај“ шифрирани разговори кај стандардните разговори, оваа функција посебно се вклучува, сепак компанијата се рекламира со тврдењето дека не овозможува пристап до корисничките податоци за никого, па ни властите.

На страната од Telegram стои дека тие досега имаат дадено 0 податоци на трети страин, вклучувајќи ги и властите.

Од-крај-до-крај шифрираните разговори обично се сметаат повеќе безбедни поради фактот што никој, дури ни сопственикот на сервисот, не може да ги прочита пораките, а најпозната апликација во овој случај сепак е Signal, но не може да се спореди со Telegram по популарноста.  

Според германскиот весник Spiegel, Telegram почнале да соработуваат со германските власти во одредени ситуации, иако тие сепак не се задоволни од колку често тоа се прави.

Telegram наводно има дадено податоци за корисниците на германската федерална криминалистичка полиција, а податоците се однесувале за корисници осомничени за тероризам и злоупотреба на деца.

Иако од една страна ова звучи оправдано и секој би сметал дека податоците за вакви корисници треба да бидат споделени, сепак властите не ретко знаат да манипулираат кога е во прашање означувањето на корисниците за одреден криминал.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаWizz Air и Airbus потпишаа договор за авиони кои работат на водороден погон
Следна статијаMicrosoft започна со тестирање на „табови“ во File Explorer
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.