По пуштањето на бесплатна верзија од Microsoft Teams, како и најавата дека во месеците што следат оваа апликација ќе биде насочена и кон обичните корисници, стана јасно дека Microsoft веќе нема нешто посебно да го развива Skype.

Ваков е случајот и кај бизнис корисниците кои се насочувани кон Microsoft Teams на сметка на Skype for Business, апликација која сигурно и се одбројани деновите.

Microsoft го купи Skype во 2011 и во тоа време беше една од најмногу познатите и популарни апликации за видео разговори. Со тек на време и со појавата на Messenger и другите, Skype почна да ја губи популарноста, а тука имаше доста улога и Microsoft кои го променија развојот, технологијата, а на крајот и приватноста на апликацијата.

Skype изминатите години остана во главно апликација за бизнис разговори, иако и за тоа се помалку, а популарноста може да се каже дека во главно ја задржа кај нешто постарите корисници, со оглед на популарноста на апликациите од Facebook кај младите.

Со состојбата која се создаде поради COVID-19, сите апликации кои нудат видео разговори имаат неколкукратно зголемување на бројот на активни корисници, а Skype и покрај падот на популарноста останува една од подобрите апликации за оваа намена.

Поради ова, од Microsoft се решија да сепак продолжат со развојот на нови функции за Skype, а тоа веќе можевме да го видиме преку воведувањето на можноста за промена на позадината за време на видео разговорите.

Овие планови од компанијата ги истакнуваат за порталот Venture Beat и меѓу другото истакнуваат дека Skype ќе се развива паралелно со Teams, а корисниците со тек на време ќе сакаат повеќе да ја користат новата апликација.

ИЗВОРVB
Претходна статијаРСБСП: Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи
Следна статијаMotorola RAZR треба да добие подобрена верзија оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.