Иако имало и има одредени добри исклучоци, повеќето апликации денес за прилагодување и измена на изгледот на Windows 11 во главно се концентрираат на Старт менито. 

Seelen UI, апликација која неодамна стана официјално достапна за Windows 11 и Windows 10, овозможува повеќе можности за прилагодување на корисничкиот интерфејс. Истата е направена да изгледа доста добро и модерно, но сепак може да се каже дека нуди помалку измени од некои други апликации. 

Главната карактеристика на Seelen UI, односно правецот во кој го носи Windows, е кон изгледот кој е карактеристичен за macOS и дел од Linux дистрибуциите. 

Тоа значи дека Seelen UI долната лента, односно „taskbar“ лентата ја претвора во еден вид на „док“ како кај macOS, а дел од контролите и информациите од лентата се префрлени на горната страна од екранот. 

Дополнително, корисниците со апликацијата добиваат и алтернатива на Spotlight која овозможува вклучување на апликации и други команди. Оваа функција е направена на основа на Rofi функцијата која е достапна на Linux.

Seelen UI овозможува менување на менијата, боите, темата и слично, па во основа корисниците добиваат кориснички интерфејс кој е целосно различен од тој на Windows. За тие кои би сакале нешто во овој правец, а не сакаат да се префрлат на Mac или Linux, ова е одличен избор. 

Апликацијата е достапна преку Microsoft Store, но може да се симне и преку GitHub, како и преку Winget функцијата на Windows (winget install –id Seelen.SeelenUI). 

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статија„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар
Следна статијаСо најновата верзија од Windows 11 надградбите ќе се инсталираат доста побрзо и со помало користење на процесорот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.