Фото: Microsoft

Microsoft ја пушти надградбата за Windows 11 за 2024 година, односно Windows 11 верзијата 24H2, на почетокот од овој месец. Уште во самата најава на надградбата стоеше дека се работи за промена на голем дел од кодот која донесува поголема интеграција на ВИ, но и повеќе подобрувања поврзани со перформансите.

Едно од тие подобрувања, кое не беше најавено тогаш, е поврзано со идните инсталации на надградби на системот. Тие сега ќе функционираат на целосно нов систем од Windows Update со што корисниците ќе добијат не баш мало подобрување во брзината на инсталација во споредба со претходните верзии. 

Овие подобрувања ќе можат да се забележат при наредните ажурирања на Windows 11, како на пример месечните безбедносни ажурирања, како и помалите надградби со нови функции кои ги има во текот на годината. 

Од компанијата имаат направено неколку тестови за споредба со претходната верзија, па подобрувањата ќе истакнуваат во проценти. Надградбите сега би требало да се инсталираат до 45% побрзо, што секако е доста големо подобрување. 

Времето на рестартирање, односно инсталацијата на надградбите со рестартирање на компјутерот, сега треба да биде 40% побрзо, односно пократко за чекање, а исто така процесот ќе користи до 25% помалку од процесорот. 

Последната новина со системот за надградби вклучува и намалување на големината на истите со исклучување на надградба на инсталираните апликации од Microsoft кои веќе се на најновата верзија. На пример, доколку корисникот веќе ја има најновата верзија од Edge, оваа апликација веќе нема да биде дел од надградбата на системот. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаSeelen UI е нова апликација за прилагодување на изгледот на Windows 11/10
Следна статија„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.