Instagram денеска ја претстави верзијата 5.1 од својата апликација за Android уредите. Истата не вклучува нови функции или можности, но донесува нов дизајн и подобрување на перформансите.
Поточно Instagram за Android направена е да биде поедноставна, а дизајнот е направен во сега модерниот рамен (flat) стил кој што се повеќе апликации го прифаќаат. Ваков стил на дизајн се користи како стандарден во Windows Phone оперативниот систем, како и во iOS 7 од минатиот септември, што покажува дека се повеќе апликации ќе почнат да го следат. Може да се каже дека организацијата на корисничкиот интерфејс е скоро иста, само што ги има изгубено нијансите на боите, за еднобојниот рамен дизајн. Исто така ќе забележите промени во корисничкиот интерфјес на камерата, односно кога сликата или избирате слика.
Исто така, во оваа верзија е работено на перформансите, односно големината на апликацијата е намалена за дупло и истата работи многу побрзо. Како што изјавуваат од Instagram, главниот екран се вклучува два пати побрзо од претходната верзија и целата работа со апликацијата е побрза и поедноставна. Исто така новата апликацијата е тестирана и е со подобра компатибилност со големиот број на уреди кои работат на Android оперативниот систем, вклучувајќи ги и уредите со екрани со ниска резолуција.
Новата верзија е веќе достапна во Play Store и можете да ја симнете или ажурирате, а истото можете да го направите едноставно преку следниот линк.