После Google Chrome, сега и Mozilla Firefox ја достигна својата стота верзија, нешто што немаше да се случи толку брзо да не се почнеше со побрзото темпо на пуштање на нови верзии кое го започна Google.

Firefox 100 е достапен за сите поддржани платформи, односно можете да го инсталирате на Windows, Linux, macOS, Android и iOS.

Оваа нова верзија доаѓа со цела листа на новини и исправени грешки, а неколку од нив се и навистина корисни.

Главната новина која може да им направи разлика на корисниците кои често гледаат видео содржина и работат нешто друго, со што ја користат за подобро гледање „picture-in-picture“ функцијата. Оваа функција сега добива поддршка за преводи и титлови, а истото може да се користи за YouTube, Amazon Prime Video и Netflix.

Firefox 100 доаѓа и со можност за проверка на правопис за повеќе јазици во исто време, а исто така при првата инсталација на прелистувачот се прави проверка дали јазикот е исто со тој избран во оперативниот систем.

Стотата верзија од Firefox доаѓа и со засилено декодирање на AV1 видео кодекот на Windows за одредени графички картички, а на macOS е додадена поддршка за HDR видео, за почеток на YouTube.

Доколку уште не ви е надграден прелистувачот на новата верзија, тоа може да го направите преку проверка во About Firefox, а целосната листа на промени можете да ја погледнете на овој линк.

Претходна статијаНајави за Premium верзија од Telegram која ќе им овозможи на корисниците дополнителни функции
Следна статијаInstagram тестира прикажување на објавите на цел екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.