Фото: Shutterstock.com

Google оваа недела ја претстави апликацијата Project Relate на Android, која е во почетна тест фаза и од компанијата примаат заинтересирани корисници кои би сакале да ја пробаат.

Апликацијата е наменета за корисниците кои имаат пречки во говорот, а како што истакнуваат од Google, тоа се милиони луѓе кои имаат проблем со можноста да бидат разбрани од другите, а и од дигиталните асистенти на мобилните.

Project Relate ќе се обиде на едноставен начин да ги разбере корисниците со пречки во говорот, што е тоа што сакаат да го кажат и потоа истото да го пренесат во избраната форма.

Конкретно, Google истакнува три можности на Project Relate, односно слушање, функција која со помош на тренинг на системот повеќе години, ќе разбере што е тоа што сака да го каже корисникот и да го претвори во текст. Потоа, овој текст може да биде испратен или прикажан на луѓето со кои се обидува да се комуницира.

Втората функција е повторување, односно кажување на тоа што го има кажано корисникот, но со јасен дигитален глас кој е посебно погоден за лице во лице комуникација, а исто така за комуникација со дигиталните асистенти.

Третата функција е наменета за директна комуникација со дигиталните асистенти, односно во овој случај со Google Assistant. Со користење на Project Relate, корисниците ќе можат да го користат и нивниот асистент и со тоа да ги искористат сите можности кој тој ги нуди, како пуштање на музика, контрола на паметниот дом и слично.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаMicrosoft ги претстави Windows 11 SE и Surface Laptop SE наменети за образовниот сектор
Следна статијаОгромен интерес за претстојната Четврта конференција за е-трговија во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.