Play Store како продавница за апликации е полна со секакви апликации, а доста од нив не се сметаат за погодни да се користат од страна на деца. Родителите можат да ги проверуваат апликациите кои им ги инсталираат на своите деца, а сега таа работа ќе им биде значително олеснета од страна на Google.

Посебен дел во Play Store наречен „Kids“ ќе биде додаден каде ќе може да се разгледуваат апликации специјално наменети за деца. Овие апликации ќе може да се разгледуваат според возраста на детето, квалитетот на искуството, зголемување на познавањето, како и задоволството.

„Супер содржина за деца може да има повеќе форми: Дали ја предизвикува љубопитноста? Дали му помага на детето да учи? Дали е едноставно забавна? За да ги споделиме најдобрите апликации за деца на Play Store, се здруживме со академски експерти и наставници низ целата земја, вклучувајќи ги и нашите водечки советници, Џо Блат (Факултет за образование на Харвард) и д-р Сандра Калверт (Џорџтаун Универзитет). Апликациите што ги имаат оценето наставниците и ги исполнуваат нашите стандарди за квалитет добиваат значка „одобрена од наставниците“. – истакнаа од Google.

Овој дел за деца во Play Store прво ќе им стане достапен на корисниците во САД, по што се најавува и постепено пуштање во остатокот од светот.

Претходно планираното време на пуштање на оваа новина била планирана за крајот на годината, меѓутоа поради ситуацијата и седењето дома поради COVID-19, од Google се имаат одлучено да ја пуштат порано.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаTIPA ги прогласи HUAWEI P40 сериите за Смартфони со најдобра фотографија за 2020 година
Следна статијаПаметните часовници со Wear OS ќе ги потсетуваат корисниците да ги мијат рацете
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.