Можеби на корисниците им се достапни доста голем број на интернет прелистувачи, сепак Chrome останува најмногу користениот, заедно со нивната веб технологија. Мал е бројот на веб технологиите, па достапни прелистувачи во главно ја користат таа од Google или од Mozilla.
Perplexity AI најавија дека и тие ќе претстават интернет прелистувач, а очекувано со оглед на нивниот бизнис, овој прелистувач ќе биде наменет за „агентско“ пребарување на интернетот.
Од компанијата не дадоа повеќе информации, па можеме само да претпоставуваме што може да се очекува. Тие сепак го објавија името на прелистувачот, а истиот ќе биде наречен Comet.
Не е познато ни дали од компанијата ќе го развијат својот прелистувач на основа на Chromium или ќе користат некоја друга технологија, а мали се шансите да развијат целосно нова.
Главната карактеристика која е најавена до некаде не упатува во правецот во кој би бил развиен Comet. Од компанијата изгледа планираат на корисниците да им овозможат повеќе од само пребарување и истражување на интернет, па тие би требало со Comet да можат да автоматизираат одредени активности. ВИ агентите имаат можност да извршуваат одредени активности за корисниците, како што е пребарување на места за одмор, на пример и резервација во име на корисникот.
Корисниците можат и да се регистраат на листа на чекање, па кога ќе има повеќе информации, а и достапност на тест верзија, да бидат известени.
Perplexity AI моментално се познати по нивниот одличен пребарувач со вештачка интелигенција, а за истиот можете повеќе да прочитате во нашата рецензија.