yo-screens

Yo е апликација за пораки која што беше претставена пред два месеци. Меѓутоа ова не беше уште една од големиот број на апликации која што нуди разни функции со цел да ги придобие корисниците на оваа популарна категорија на апликации. Yo е можеби наједноставната апликација за која што доста луѓе се прашуваат зошто воопшто постои и зошто некој би сакал да ја користи. Апликацијата функционира на тој начин што можете да испратите и примите само една порака со содржина составена само од зборот Yo, а истото го правите со едноставно притискање на контактот на кој што би сакале да ја испратите пораката. Искуството сепак покажа дека дури и една ваква апликација може да го најде своето место кај корисниците.

Оваа недела Yo добива надградба за нејзината верзија на iOS и Android, која што вклучува функции кои што ја прават до некаде посериозна оваа едноставна апликација. Комуникацијата се разбира останува да се базира на испраќање на зборот Yo, меѓутоа овозможени се неколку додатни новости.

Кога испраќате Yo на некој пријател, сега со поракта можете да вклучите и линк до некоја веб страна. Линкот се прикачува на тој начин што треба истиот да го имате ископирано, односно да го има во clipboard-от на уредот, по што притискате и држите на контактот на кој што сакате да го исппратите заедно со Yo.

Yo сега ви овозможува да го ставите вашето име и слика, по што тие ќе бидат достапни за гледање со повлекување на десно врз вашето име, односно името на контактот за кој што сакате да видите.

Наредните две нови можности се очекува да бидат интересни за бизнисите, односно сервисите. Апликацијата сега овозможува креирање на профил од страна на бизниси, односно за нивните сервис, па доколку се зачлените на некој од нив, ќе имате можност да бидете известени за одредени работи преку добивање на Yo порака. Исто така во новата верзија вклучена е поддршката за хаштагови за кои што можете да следите колку пати е испратена Yo порака до нив.

Апликацијата е достапна за корисниците на Android, iOS и Windows Phone, меѓутоа оваа надградба во овој момент е пуштена само за корисниците на iOS и Android. Можете да ја симнете преку продавницата за апликации на соодветната платформа.

Извор: VentureBeat, TechCrunch

Претходна статијаПоранешниот директор на Microsoft, Steve Ballmer, го купи NBA клубот LA Clippers
Следна статијаПочетната страна на Apple во чест на Robin Williams
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.